Легендарниот шведски тренер Свен-Јоран Ериксон почина минатата година откако ја загуби долгогодишната борба што ја имаше со опасната болест рак на панкреасот. Во текот на 42-годишната тренерска кариера, Ериксон беше тренер на многу познати клубови, а имаше и селекторска функција во неколку репрезентации.
И покрај долгогодишната успешна работа, Ериксон на крајот починал со огромен долг. Ериксон бил жртва на финансиска измама, а документите од Шведска покажуваат дека тој имал вкупен долг од 10 милиони евра. Најголем е долгот кој е во Велика Британија, каде неговиот долг за неплатен данок е 8,5 милиони евра.
Beloved England coach Sven-Goran Eriksson died ‘£8million in debt’ after battle with cancerhttps://t.co/FVcL8Qsk4G
— LBC News (@LBCNews) January 14, 2025
За да му ги исплати долговите, семејството на Ериксон е принудено да ја продаде неговата луксузна вила во која ги помина последните години од животот. Откако постигна голем успех во кариерата и заработи цело богатство, славниот Швеѓанец загуби повеќе од 11 милиони евра поради измама. Тој бил измамен од финансискиот советник Самир Кан, кој имал неограничен пристап до богатството на славниот тренер.
Финансискиот советник потроши 11 милиони евра на сомнителни инвестиции, вклучително и планови за имот. Самиот Ериксон зборуваше за сето тоа во 2013 година.
„Вистина е дека никогаш сериозно не внимавав на парите. Му ги доведив финансиите на Самир и тој тоа го искористи. Поради него загубив многу милиони евра“, уште во 2013 година зборуваше Ериксон за шведскиот весник „Афтонбладет“.