18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Легендарниот холандски напаѓач ќе му биде нов тренер на Манев во Адана

Легендарниот холандски напаѓач Патрик Клајверт ќе биде нов тренер на турскиот суперлигаш Адана Демирспор, каде што настапува и нашиот репрезентативец Јован Манев.

Тој доаѓа на местото на друг легендарен фудбалер, Италијанецот Виченцо Монтела.

Патрик Клајверт се прослави со своите игри во Барселона, каде што во периодот од 1998 до 2004 година постигна 90 гола, додека за репрезентацијата на Холандија стрелаше 40 пати.

Во својата тренерска кариера во најголемиот дел беше помошник, освен кога беше селектор на репрезентацијата на Курасоа, земјата од каде што потекнуваат неговите родители.

- Оглас -

Најнови вести