Легендарниот Јапонец на 44 години реши дека е време да оди во фудбалска пензија (Видео)

На 44-годишна возраст, утрово, Шунсуке Накамура го одигра последниот меч во професионалната фудбалска кариера. Јапонецот кој 25 години беше активен на профи сцената, го одигра последниот меч во дресот на Јокохама, а доби испраќање како што заслужува еден ваков играч.

Накамура во Европа се прослави во дресот на Селтик каде настапуваше четири сезони во периодот од 2005 до 2009 година. За шкотскиот гигант одигра вкупно 145 меча во кои постигна 31 гол, а имаше и 36 асистенции. Посебно се памти неговиот погодок од речиси 30 метри од слободен удар против Манчестер јунајтед во дуел од Лигата на шампионите.

Накамура во Европа играше три сезони и за Реџина, а пола сезона беше дел и од Еспањол. Во Јапонија ги има брането боите на Јокохама Маринос каде што започна во далечната 1997 година, а има играно и за Џубило Ивата, додека кариерата ја заврши во екипата на Јокохама која игра во втората лига.

На последниот меч, Накамура беше стартер, а во 60 минута беше заменет, по што доби стоечки овации од публиката.

https://twitter.com/i/status/1584087869857013761

Накамура во кариерата има над 700 мечеви, а во репрезентативниот дрес на Јапонија одигра 98 средби во кои постигна и 24 голови.

- Оглас -

Најнови вести