Легендарниот Капело искрен: „Има четворица генијални фудбалери, но Кристијано Роналдо не е меѓу нив“

Италијанскиот тренер Фабио Капело во моментов има 77 години, важи за вистинска фудбалска легенда и кога ќе каже нешто, сигурно дека тоа има своја тежина. Во едно интервју запрашан за Ламине Јамал рече дека никогаш нема да го достигне нивото на Лионел Меси.

„Го сретнав Меси на купот Гампер и само по 20-25 минути му пријдов на Рајкард и го замолив да ми го позајми. Ламине е генијален и многу интересен, но нема да биде генијалец како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа вистинските генијалци“, рече Капело.

Изненадувачки помеѓу генијалците не го вброи Кристијано Роналдо, па доби дополнително прашање во врска со Португалецот.

„Тој е одличен играч, освои многу трофеи, Златна топка, но како што кажав, не е толку голем како Меси. Роналдо е одличен стрелец и знае се, но не е генијалец“, додава легендарниот Италијанец.

Кога се чинеше дека Капело дефинираше само тројца генијалци, имаше уште еден коментар.

„Кога сме веќе кај генијалците, заборавив еден, кој секако му припаѓа на ова друштво – дебелиот Роналдо“, вели Капело.

- Оглас -

Најнови вести