Англиската фудбалска икона, Пол Гаскоњ, во петокот бил пронајден во бессознание во својот дом и веднаш бил хоспитализиран. Иако не се познати причините за губењето на свеста, тој сè уште е хоспитализиран, но неговата здравствена состојба се подобрува.
Фудбалска Англија веќе со години стравува за здравјето на Гаскоњ, со оглед на проблемите со зависноста од алкохол и опијати. Тој во својата кариера настапуваше за Њукасл, Тотенхем, Глазгов ренџерс, Евертон, Мидлсборо, Лацио и Барнли, додека за репрезентацијата на Англија одигра 57 натпревари.
Проблемите на психички план и зависноста го спречија да направи многу поголема кариера.