Легендарниот Шон Кемп отвора продавница за канабис во Сиетл (Фото)

Некогашната НБА суперѕвезда Шон Кемп, кој своите најславни играчки денови ги имаше во Сиетл суперсоникс, на 30-ти октомври во градот Сиетл ќе отвори продавница за канабис, па сите заинтересирани ќе ги снабдува со „трева“. Кемп кој малку повозрасните љубители на кошарката одлично го паметат, одамна планираше да отвори свој бизнис, па се реши да продава марихуана.

Продажбата на канабис е легална во сојузната држава Вашингтон каде што се наоѓа Сиетл, а Кемп кој 14 години играше во НБА, од кои осум во Сиетл со кој стигна до големото финале, има и двајца бизнис партнери.

Продавницата ќе се отвори на 30-ти октомври, и ќе биде од тој вид која ја раководи еден Афроамериканец. Специјален гостин на отворањето ќе биде неговиот долгогодишен соиграч Гери Пејтон. И екс плејмејкерот кој имаше илјадници додавања за атрактивни забивања на Кемп, има бизнис со канабис.

Кемп се надева дека оваа приказна ќе биде мотивација и за други црномурни луѓе во САД да влезат во легален бизнис со канабис.

На ѕидот на продавницата има голем мурал со ликот на Кемп од најдобрите денови во дресот на Сиетл. Секако доминира зелената боја која е асоцијација и на некогашниот НБА клуб Суперсоникс и за канабис.

Продавницата на шесткратниот ол-стар ќе биде прилично голема, има над 1.200 квадратни метри.

- Оглас -

Најнови вести