Белгискиот новинар Саша Таволиери најавува дека челниците на белгиската фудбалска федерација размислува за доведување на нов селектор и тоа не било кој туку легендарниот Французин Тјери Анри.
Анри летово беше на чело на олимписката репрезентација на Франција со која стигна до сребрениот медал на Игрите во Париз. Сега работи како стручен коментатор на ЦБС, но на Анри не му е непозната работата во белгиската репрезентација.
Французинот работеше како помошник на селекторот Роберто Мартинез и беше дел од Светското првенство во Катар, каде Белгија испадна уште во групната фаза, завршувајќи зад Хрватска и Мароко.
Во сениорскиот фудбал, Анри има работено 20 меча како тренер на Монако, а 29 натпревари беше предводник на тимот на Монтреал.
Главен фокус на белгиската репрезентација во 2025 година ќе бидат квалификациите за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Во квалификациите, Белгија е во иста група со Македонија, а ривали се уште и Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Актуелен селектор на белгиската фудбалска репрезентација е Доменико Тедеско.
🔴 Les cadres du noyau des Diables pousseraient en interne pour que la piste Thierry Henry soit ÉTUDIÉE !
Mark Van Bommel et Erik Ten Hag seraient des options bien figées dans la tête de Mannaert.
Une décision devrait être prise d’ici la fin du mois.
(@sachatavolieri 🥇) pic.twitter.com/GcpgeGXnsL
— Joueurs Belges 🇧🇪 (@JoueursBE) January 11, 2025