Легендарниот тренер го пофали „лавот“ Адеми: Тој е скромен, а тоа е вистинска реткост во фудбалот

Аријан Адеми игра одлично во дресот на македонската фудбалска репрезентација, но и за екипата на Динамо Загреб, каде што е еден од најдобрите во историјата на клубот.

Легендарниот тренер Вахид Халилхоџиќ се присетува како е да се работи со македонскиот репрезентативец и говори за тоа каква реткост е во фудбалот, но и што му е потребно за да биде играч од највисока класа.

„Тој беше младо и перспективено момче со кого беше навистина убаво да се соработува. Беше омилен меѓу играчите, а малку се шегувавме со него дека има килограм или два повеќе.

Драго ми е што успеа да прерасне во лидер и да внесува позитивност меѓу своите колеги. Динамо со него е неприкосновен.

Адеми доаѓа од добра фамилија и не е опседнат со пари, што е навистина голема реткост меѓу фудбалерите и му остана верен на Динамо, што секако треба да се цени.

Тоа е играч со голем обем во играта, многу помага во одбраната и многу е дисциплиниран, а за да биде играч од светска класа, му фали некој гол од 20-25 метри“, изјави Халилхоџиќ.

Адеми речиси целата своја кариера ја мина во Динамо Загреб, каде што има одиграно 204 натпревари и постигнато 16 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести