Легендарниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер доби наследник во Формула 1, а неговиот син Мик е нов пилот на екипата на Хас, за која ќе вози идната сезона.
Мик возеше во Формула 2 циркусот, а токму неговиот голем ривал Никита Мазепин ќе му биде клупски колега во идната сезона во Ф1 циркусот.
Always believed that this dream will become true! Racing for Haas F1 Team next year is an incredible feeling, and I couldn’t be happier. Thanks to everyone who supported me all the way! @HaasF1Team #HaasF1 #F1 @ScuderiaFerrari @insideFDA #essereFerrari pic.twitter.com/RgKrXUdKrk
— Mick Schumacher (@SchumacherMick) December 2, 2020
Екипата на Хас не го продолжи договорот со Роман Грожан, кој имаше многу среќа на последната трка во Бахреин, кога успеа да се спаси од пламенот што го зафати болидот, а член на Хас повеќе не е ниту Кевин Магнусен.