Легендата на германскиот фудбал, Томас Милер, минатото лето одлучи да продолжи да игра фудбал, иако го напушти Баерн Минхен. Германецот не сакаше да ја продолжи кариерата во европа и се одлучи за МЛС лигата, односно екипата на Ванкувер од Канада.
37-годишниот офанзивец вели дека не планира да се пензионира, но знае што ќе прави по завршување на кариерата.
„Како и со сè друго во мојот живот, не брзам безусловно да се врзувам. Мојата главна мотивација е да играм фудбал додека тоа ме исполнува. Првите месеци во Ванкувер беа многу забавни. Сега ме очекува и мојата прва целосна сезона во МЛС. На крајот од минатата сезона почувствував дека оптоварувањата ми доаѓаат малку повеќе. Затоа сè уште немам донесено одлука што понатаму, но продолжувам да уживам во играта. Можноста да решиш еден домашен натпревар со гол во 90-тата минута од пенал, кога притисокот е толку голем, е причината поради која и понатаму легнувам рано. Сакам да продолжам со образованието по завршувањето на мојата кариера. Во моментов не размислувам за собирање сертификати. Кога правам нешто, сакам целосно да му се посветам.“ – вели Милер.
Германецот минатата година одигра само дел од сезоната за Ванкувер, бидејќи сезоната во МЛС лигата започнува во февруари. Милер на 13-те натпревари за екипата од Канада постигна девет гола, а четирипати асистираше.

