Легендата на Баерн го „избањаа“ со пиво (Видео)

Баерн Минхен заокружи децениска доминација во германската Бундеслига откако 10-ти пат во низа стана првак на Германија. Баварскиот гигант вчера во директен дуел со 3:1 ја победи Борусија Дортмунд и на тој начин стигна до недостижна предност пред единствениот ривал, во пресрет на последните три кола.

По завршување на мечот, фудбалерите на Баерн прославија на традиционален начин. Со големи чаши полни со пиво се радуваа, но и се полеваа, а изненадно „настрада“ и легендата на клубот, Бастијан Швајнштајгер.

Популарниот Швајни даваше изјава кога неговиот некогашен соиграч Томас Милер од зад грб буквално го избања со пиво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести