Легендата на белгиската репрезентација ќе оди во пензија

Легендарниот белгиски фудбалер Јан Вертонген одлучи да стави крај на кариерата по завршување на оваа сезона. Дефанзивецот, кој го држи рекордот за најмногу настапи за белгиската репрезентација, ќе ја заврши кариерата како играч на Андерлехт, клубот во којшто настапуваше последните три години.

„Во последните неколку недели ми стана јасно дека ова ќе бидат моите последни натпревари. Одлуката не беше лесна, но таа е вистинската. Забележав дека ми е сè потешко физички да се подготвам за тренинзи и натпревари и да се претставам како играч каков што сакам да бидам. Затоа се повлекувам по оваа сезона“, објасни Вертонген.

Кариерата на Вертонген започна во Ајакс, каде што играше од 2006 до 2012 година, а првата сезона ја помина на позајмица во Валвијк. Потоа во Тотенхем помина осум години, а пред да се пресели во Андерлехт настапуваше за Бенфика.

За белгиската репрезентација одигра 157 натпревари, со што стана рекордер по бројот на настапи. Репрезентативната кариера ја заврши по минатогодишното Европско првенство, а најголем успех му беше бронзениот медал на Светското првенство во Русија во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести