Легендата на Јунајтед повикува на бунт против Барселона: Де Јонг треба да го тужи клубот

Гери Невил по брилијатната фудбалска, како тренер имаше кратка и неуспешна кариера, но како аналитичар речиси секогаш застанува на страната на фудбалерите. Така е и во случајот со Френки де Јонг и Барселона, за којшто легендата на Манчестер јунајтед повикува на бунт против каталонскиот клуб за начинот на кој го третира Холанѓанецот.

„Де Јонг треба да размисли да ја тужи Барселона и сите негови соиграчи треба да го поддржат. Клуб кој троши богатства на нови фудбалери, а воедно во целост не ги исплаќа играчите кои од претходно се во тимот, е неморално во крајна мера. ФИФПро треба да најстрого да реагира и еднаш засекогаш да стави крај“, се огласи Невил преку Твитер.

Барса го притиска Де Јонг да потпише нов договор според кој би заработувал 50 % пониска плата од моменталната, настрана фактот што клубот веќе му должи заостанати плати од десетици милиони. Како втора опција да се подобри економската состојба на „Камп ноу“, управата се обидува да го продаде токму на Манчестер иако самиот играч апсолутно е против трансфер.

Сето ова шпанскиот гигант го прави напоредно со огромни трошења на засилувања ова лето. За скапите трансфери на Левандовски, Рафиња, но и бесплатните ангажмани на Кеси и Кристенсен, Барселона се снајде и успеа да ги комплетира и воедно да ги регистрира за новата сезона.

Поради тоа, Невил реши да изнуди војна на еден начин, помеѓу Де Јонг и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести