Легендата на рускиот фудбал именуван за нов селектор

Актуелниот тренер на Ростов, Валери Карпин во наредните година и пол ќе биде селектор на руската фудбалска репрезентација. Карпин е еден од најдобрите руски фудбалери во последниве неколку децении. Во 20 годишната играчка кариера играше за ЦСКА Москва и Спартак Москва, а потоа замина во Шпанија каде ги бранеше боите на Сосиедад, Валенсија и Селта Виго. Кариерата ја заврши во 2005 година.

Карпин дури 72 пати го носеше дресот на руската репрезентација и има постигнато 17 голови, што е доволно да биде петиот најдобар стрелец во историјата.

Карпин тренерската кариера ја започна во Спартак Москва во 2009 година, а ги има водено и клубовите на Мајорка, Торпедо и Ростов, каде што е од 2017 година. На селекторската позиција во руската репрезентација доаѓа по заминувањето на Станислас Черчешов, кој доби отказ поради слабиот настап на Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести