Легендата на Тотенхем вели дека Баерн е идеален тим за Кејн

Легендарниот англиски фудбалер и поранешен напаѓач на Тотенхем, Гари Линекер, смета дека премиерлигашот треба да ја прифати последната понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн.

Медиумите вчера објавија дека Баерн Минхен доставил последна понуда до Тотенхем за Кејн, тешка 100 милиони евра отштета плус 20 милиони евра во бонуси и побара експресен одговор од претседателот на Петлите, Даниел Леви.

Линекер смета дека Баерн Минхен е идеален тим за Кејн, и Тотенхем треба да ја прифати последната понуда.

„Мислам дека Хари Кејн летово ќе го напушти Тотенхем – и треба да го стори тоа. Мислам дека Тотенхем треба да му дозволи да си оди. Ова е вистинско време и вистинскиот тим го бара Кејн. Минхен е убав град, а Баерн е еден од најдобрите и најголемите фудбалски клубови на светот. Хари не е само напаѓач, тој е универзален фудбалер со лидерски способности. Но, кога ќе влезете во последната година од договорот и не сакате да потпишете нов, тогаш за мене логично е Тотенхем да земе 80 или 100 милиони евра сега, отколку да ризикува да го загуби бесплатно“, изјави Линекер.

- Оглас -

Најнови вести