Легендата на Црвена ѕвезда е нов претседател на Фудбалската федерација на Србија

Легендарниот фудбалер и почесен претседател на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ, денеска е избран за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) откако вчера од трката се повлече Немања Видиќ.

На вонредната седница на ФСС, која се одржа во Стара Пазова, беа присутни 79 од 85 делегати, Џајиќ беше едногласно избран за претседател, а пред гласањето, претседателот на синдикатот на професионални фудбалери Независност, Мирко Поледица, ја напушти седницата.

Џајиќ по изборот рече дека е почестен што добил можност да го води српскиот фудбал и дека го прифатил предизвикот бидејќи со освојувањето на 36 клупски трофеи, европски и светски титули може да помогне српскиот фудбал да се подигне на повисоко ниво.

https://twitter.com/FSSrbije/status/1635674251905597441?s=20

„Има многу работи во ФСС кои функционираат добро, но и оние кои можеме да ги подобриме. Ќе дадеме сè од себе за да ја направиме репрезентацијата редовен учесник на најголемите натпреварувања и да имаме и добри резултати на нив. Приоритет е да одиме и да успееме на ЕП.“

ФФС Србија е без претседател од 22 март 2021 година, кога Славиша Кокеза поднесе оставка. Ненад Бјековиќ беше в.д. претседател и единствен кандидат за нов челник, но седницата која требаше да се одржи на 31 октомври минатата година, беше откажана поради немање кворум и поради бунтот на екипите против Бјековиќ.

На седницата беше потврден изборот на членови на Извршниот одбор.

- Оглас -

Најнови вести