„Франк Де Боер до Бергкамп… Денис Бергкамп, Денис Бергкамп, Денис Бергкаааааамп…“, еуфорично урлаше холандскиот коментатор по победничкиот погодок на некогашната нивна ѕвезда против Аргентина за пласман во полуфиналето на Светското првенство 1998 година.
Поминаа точно 22 години од мајсторскиот погодок на Денис Бергкамп против Аргентина кој го реализира во истекот на регуларните 90 минути, за конечни 2-1 против Гаучосите. Де Боер преку речиси целиот противнички тим го проигра Бергкамп, кој пак мајсторски ја прими топката и лесно изгради простор за удар преку ривалот по што пред 55.000 гледачи на „Велодром“ ја изведе бравурата.
On this day in 1998, Dennis Bergkamp did this… pic.twitter.com/21Ley9coj6
— 90s Football (@90sfootball) July 4, 2020