Легендите ќе го спасуваат Шалке, по Колашинац, се враќа и Хунтелар?

Напаѓачот на Ајакс, Клас-Јан Хунтелар, може да се врати во бундеслигашот Шалке 04 и да му помогне да избори опстанок во германската елита. За ветеранот кој има 37 години се зборуваше дека во јуни планира во Ајакс да ја заврши кариерата како активен фудбалер, но изгледа понудата од Шалке ќе му ги смени плановите.

Сезонава Хунтелар одигра 15 меча за Копјаниците од Амстерда и даде 5 гола. Тој во Шалке играше во периодот од 2010 до 2017 година и постигна 82 гола на 175 средби.

Во моментов Шалке во Бундеслигата има само 7 бода, викендов ја извојуваа својата прва победа по пауза од цела една година и се наоѓа во зоната на испаѓање. На Нова година го ангажираа Сеад Колашинац, кој ќе им помогне во одбраната, а сега сакаат да го засилат и нападот.

- Оглас -

Најнови вести