Болтон вондерерс успеа да се спаси од згаснување, и тоа во последен момент. Клубот кој со месеци се мачеше со финансиска криза, едвај успеа да собере пари за да го започне првенството во Лига 1 (трет ранг по натпреварување во Англија).
Сепак, поради големите долгови, клубот се најде пред ликвидација и автоматско исфралње од натпреварувањето. Се броеја минутите пред да биде објавено дека Болтон згаснува. Мораше да се пронајде нов сопственик и на крајот тоа се случи.
Прославениот тапанар и основач на легендарната група Пинк Флојд, Ник Мејсон, основа групација која за 10 милиони фунти го купи Болтон и спречи згаснување на клубот кој постои речиси 150 години.
Болтон е еден од клубовите кои ја основаа Англиската лига во 1888 година. Трипати е освојувач на ФА купот, беше дел и од Премиер лигата, а пред повеќе од 10 години играше и во Европа, а еден од противниците тогаш му беше и скопски Работнички.