Лејкерс без Џејмс и Дејвис, на гости го победија најдобриот тим на Истокот со 25 разлика (Видео)

Лос Анџелес лејкерс уште еднаш ја покажа силата на шампионот, откако на гостувањето кај Бруклин, победи убедливо со 126:101, во еден од седумте меча во НБА лигата одиграни ноќеска. Лејкерси на овој меч беа без двајцата најдобри играчи, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но и покрај тоа, имаа постојана контрола на резултатот и дури 36 минути беа во водство, на теренот на најдобриот тим на Источната конференција.

Клучната предност Лејкерс ја стекна во третата четвртина, која ја доби со 31:19, а во последниот квартал гостите продолжија со сигурната игра и на крајот стигнаа до убедлива победа. Андре Драмонд беше најефикасен во победничкит тим со 20 поени и 11 скока, додека кај Нетс најпрецизен беше Дурант со 22 поени, а Харден не играше.

https://youtu.be/Hdm4hz3ayb8

Интересно е што сите седум меча беа без неизвесност и победниците славеа со двоцифрена предност: Портланд – Деторит 118:103, Феникс – Вашингтон 134:106, Голден Стејт – Хјустон 125:109, Јута – Сакраменто 128:112, Оклахома – Филаделфија 93:117, Кливленд – Торонто 135:115.

- Оглас -

Најнови вести