Лејкерс без Леброн и Денвер без Јокиќ се мачат (Видео)

Рано утрово во НБА-лигата се одиграа четири интересни мечеви на кои беа постигнати следниве резултати: Детроит – Мајами 92-100, Њујорк – ЛА лејкерс 106-100, Портланд – Денвер 119-100, ЛА клиперс – Далас 104-112 (по продолжение).

Жешките до триумфот против Пистонс дојдоа благодарение на одличната последна четвртина која ја добија со 33-16. Тајлер Хиро со 31 поен беше херој на Мајами.

Двата најпопуларни тима во НБА се сретнаа во „Медисон сквер гарден“. Фановите со овации го поздравија Кармело Ентони, но на крајот тие се радуваа на победа против Лејкерс, кај кои го немаше Леброн Џејмс. На Езерџиите џабе им беше и трипл-даблот на Расел Вестбрук од 31 поен, 13 скока и 10 асистенции.

Портланд предводен од Меколум (32 поени) и Лилард (25 поени) дојде до четвртата победа по ред, а Нагетс имаат пет порази едноподруго. Кај Грутките го немаше Никола Јокиќ и поразот е очекуван.

Во Лос Анџелес, Клиперс со тешка тројка на Пол Џорџ во последната секунда се изборија за продолжение, но во екстра петте минути, Маверикс предводени од Порзингис и Дончиќ имаа позитива од 9-1, па, сепак, дојдоа до триумф.

Потегот на вечерта го имаше Џорџ, но попусто, неговиот тим загуби:

- Оглас -

Најнови вести