Лејкерс го ангажира најдобриот поентер од клупа во НБА-лигата

ЛА лејкерс по освоената титула во НБА-лигата, тргна во засилување на тимот со цел да се одбрани тронот на кој франшизата од Калифорнија застана по 17-ти пат во историјата.

Новата аквизиција на Езерџиите е Денис Шрудер, плејкејкерот од Оклахома сити тандер, во замена за Дени Грин и правата на овогодишниот пик од драфтот Џејден Мекдениелс. Шрудер минатата сезона беше најдобар поентер од клупа во лигата со 18,9 поени по натпревар, додека во гласањето за најдобар шести играч во НБА-лигата заврши на второто место.

Оклахома во меѓувреме ги препушти правата од Мекдениелс на Минесота, во замена за услугите на Рики Рубио. Шпанскиот организатор на игра е замената за Крис Пол, кој замина во Феникс санс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести