Трите меча кои требаше да се одиграат синоќа и рано утрово во НБА-плејофот беа откажани. Причина за тоа е бојкотот на клубовите поради најновиот случај на полициската бруталност врз Афроамериканец во САД. Џејкоб Блејк е човекот кој беше застрелан со седум куршуми во грб, откако одбил да послуша полициска наредба. Блејк бил во друштво на своите деца, кога полицаецот го извадил пиштолот и пукал во ненаоружениот човек. Блејк е во болница и се бори за својот живот.
Кошаркарите на Милвоки синоќа беа први кои решија да не се појават на паркетот на дуелот против Орландо, а потоа беа одложени и останатите два меча кои требаше да се играат. Потоа сите клубови одржаа состанок на кој се дискутирало дали треба целосно да се откаже НБА-сезоната или треба да се доигра плејофот.
Според пишувањата во САД, два клуба биле за целосен прекин на сезоната. Лос Анџелес клиперс и Лос Анџелес лејкерс гласале за да има прекин, но сите останати клубови биле за да се доигра сезоната. Леброн Џејмс дури упати и силна порака која одекна низ цела Америка.
Вечера на програмата има три меча во НБА, а се очекува тие да се играат затоа што, како што се пишува, пораката со синоќешниот бојкот веќе е испратена. Вечерва треба да играат Денвер – Јута, Бостон – Торонто и ЛА клиперс – Далас.
Discussions on continuing season will extend into tomorrow, sources tell ESPN, but appears unlikely the three playoff games on Thursday will be played. “Everyone is still too emotional,” one high-ranking source tells ESPN. “There needs to be more time to come together on this.”
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) August 27, 2020