Лејкерс не е Клиперс, Денвер имаше проблем со разиграните Дејвис и Рондо (Видео)

Лос Анџелес лејкерс поведе со 1-0 во западното финале на НБА лигата, откако го совлада Денвер нагетс со 126-114 на отворањето на серијата. Езерџиите после три квартал имаа убедлива предност која не ја испуштија, како што тоа го правеше градскиот ривал Клиперс кога играше во полуфиналето против Денвер.

Лејкерс во втората четвртина изведе дури 25 слободни фрлања, а во средината на третиот период кога Нагетс намали на девет разлика, тимот од Лос Анџелес одговори со серија од 10-2.

Грутките од Колорадо може да се каже дека го неутрализираа Леброн Џејмс кој имаше 15 поени и 12 асистенции, но кај Лејкерс се истакнаа Ентони Дејвис со 37 поени и 10 скока, и Реџон Рондо кој како резерва имаше 9 асистенции, од кои некои беа многу атрактивни. Рондо стана десетти асистент на сите времиња во плејоф мечеви, а Веѓата Дејвис е прв член на Лејкерс после Шекил О‘Нил од 2002 година, кој на конференциско финале имал барем 35 поени и двоцифрен брј скокови.

Двајт Хауард доста добро си ја заврши работата против Никола Јокиќ, и го запре Србинот на 21 поен, шест скока и две асистенции, бројки кои се под просекот кој го имаше Јокиќ против Клиперс. Негативата од 0-1 за Денвер не е проблем, тие против Клиперс на првиот меч одиграа уште полошо од ова, но Лејкерс делува како тим кој знае што сака.

Погледнете ги сите атрактивни асистенции на разигрувачот Рондо против Денвер:

- Оглас -

Најнови вести