Лејкерс приреди театар на класиката со Бостон, Леброн никогаш вака не се трескал од земја (Видео)

Вечното НБА дерби помеѓу Бостон селтикс и Лос Анџелес лејкерс, ги имаше сите елементи на дерби, а гостите од Лос Анџелес за поразот од 121-125 ги обвинија судиите кои во последната секунда од регуларниот дел не досудија фаул над Леброн Џејмс.

Патрик Беверли им покажуваше фотоапарат како „доказ“ за да видат дека имало прекршок, но не само што судиите не ја сменија одлуката, туку Беверли доби техничка, па продолжението почна со слободно фрлање за Бостон.

При 105-105, Лејкерс го имаше последниот напад во регуларните 48 минути, Џејмс кој мечот го заврши со 41 поени, тргна кон кошот на Келтите, но не поентираше, жалејќи се дека бил удрен по рака. Судиите не видоа никаков фаул, па средбата отиде во продолжение.

Погледнете ја последната акција на Џејмс и реакцијата на човекот кој е на 117 поени од историскиот рекорд по број на постигнати поени за еден играч во НБА:

- Оглас -

Најнови вести