Лејкерс се моќни и без Леброн и Дејвис

Лос Анџелес лејкерс се моќни и без двете големи ѕвезди во тимот, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а презентираа извонредна кошарка против Оклахома сити тандер.

Езерџиите славеа со 125:110, а во еден момент имаа и предност од 30 поени разлика против ривал што игра многу солидно сезонава.

Кајл Кузма беше одличен и постигна 36 поени, а главна ролја во отсуство на Леброн и Дејвис имаше и Ражон Рондо со 21 поен, 12 скока и 8 асистенции.

И големиот ривал на Лејкерс, Бостонс селтикс славеше убедлива победа, а во „ТД Гарден“ падна Њу Орлеанс пеликанс.

Бостон победи со 140:105 во меч во кој Џејсон Тејтум забележа 41 поен, што му е рекорден учинок сезонава.

Резултати: Бостон – Њу Орлеанс 140:105, Детроит – Чикаго 99:108, Оклахома – Л:А: Лејкерс 110:125, Далас – Филаделфија 109:91, Денвер – Кливленд 103:111, Портланд – Милвоки 101:122.

- Оглас -

Најнови вести