6.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Лејкерс загуби во салата во која Леброн дебитираше во НБА точно пред 20 години

На 29 октомври 2003 година во Сакраменто, Леброн Џејмс дебитираше во НБА-лигата, тогаш како 18-годишен прв пик на драфтот и играч на Кливленд кавалирс, а утрово Џејмс пак играше во Сакраменто, во дресот на ЛА лејкерс, и загуби во меч на којшто се играше и продолжение.

Кингс славеа со 132-127, а Леброн имаше 27 поени (7 во продолжението) и 15 скока. За Лејкерс проблем е што на сите три меча лошо почнува и секогаш има негатива од над десет поени во првата четвртина, па потоа брка и се обидува да направи пресврт.

За разлика од Лејкерс, другиот тим од Лос Анџелес, Клиперс, извојува победа од 40 поени разлика (123-83) против Сан Антонио на годинешниот прв пик Виктор Вембањама. Французинот на своето прво гостување во НБА даде скромни 11 поени.

Крис Пол првпат во 18-годишната кариера беше резерва, а неговиот Голден стејт го совлада Хјустон со 106-85.

Милвоки беше поразен од Атланта со 110-127 во меч на кој потфрли Демиен Лилард. Големото засилување на Бакс даде само 6 поени откако на дебито како Елен уфрли 39.

- Оглас -

Најнови вести