Лејкерси најдоа начин како да се отарасат од Вестбрук, ќе го испратат во Чикаго за двајца ол-стар играчи

Управата на Лос Анџелес Лејкерс сериозно размислува да започне разговори со Чикаго Булс за потенцијална размена во која главна ѕвезда би бил Расел Вестбрук, пишува ЕСПН.

Вестбрук минатата година пристигна во ЛА Лејкерс со што навивачите се надеваа дека тој е последниот дел од шампионскиот мозаик, но со прикажаните игри целосно разочара и екипата минатата сезона дури не играше ниту во плеј-офот. Сезонава Вестбрук има просек од 15 поени и 7.4 асистенции по натпревар, што е премалку за тоа што го очекуваат и навивачите и управата на Езерцата.

Според ЕСПН, Лејкерси кои и годинава играат далеку од посакуваното, планираат на Чикаго булс кој исто така прикажува слаби игри, да му го понудат Вестбрук заедно со два избори од првата рунда на драфтовите во 2027 и 2029 година, во замена за двајца ол-стар кошаркари, Демар Дерозан и Никола Вучевиќ.

Дерозан, кој има уште две години од договорот, сезонава просечно постигнува по 26,3 поени по натпревар, додека Вучевиќ, чиј договор со Чикаго истекува идното лето, има просек од 15,6 поени и 11,2 скока по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести