Лекарскиот тим на Реал не успеа да го спаси „најдобриот играч“ во екипата

Реал Мадрид има осум победи во осум меча по враќање на мечевите во Примера дивисион по тримесечната пауза. Кралскиот клуб на последните три меча победува најмногу благодарение на пеналите кои се судат во негова корист, а сигурни изведувачи беа Серхио Рамос и Карим Бензема.

На синоќешната средба против Алавес, судијата Жил Манцано досуди пенал за Реал по само 11 минути игра, а Бензема не пропушти можност за да реализира. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан вели дека арбитрите едноставно треба да досудат пенал кога се работи за пенал, но не мислат сите дека Французинот е во право.

Фановите на Барселона едноставно не може да се помират со тоа дека Реал добива три пенали во клучните мечеви за титулата, па синоќа искористија една ситуација за да направат провокација на сметка на најголемито ривал. Во 26 минута, арбитарот Манцано заработи повреда на зглобот на ногата по еден судар со играч на Алавес.

Судијата мораше да побара лекарска помош, а на терен веднаш притрчаа медицинските лица од таборот на Реал Мадрид. Во две ситуации му беше дадена лекарска интервенција на Манцано, а тој успеа да издржи во крајот на првото полувреме, за да потоа го замени четвртиот арбитар Родригез Карлаљо.

Фановите на Барселона ја искористија оваа несекојдневна повреда на судијата и побрзаа да коментираат на сметка на најголемиот ривал.

„Судијата Манцано го повреди зглобот, а помош му укажуваат лекарите на Реал Мадрид. Не може да се напише подобро сценарио“, стои на твитер профилот Барселона Универзал.

„Голем хендикеп. Реал ќе продолжи да игра со 11 играчи затоа што судијата се повреди“, пишува на друг профил.

 

- Оглас -

Најнови вести