Леклер е фрустриран, но призна: Сам сум виновен и ако вака продолжам, не заслужувам да сум шампион

Шарл Леклер, возачор на Ферари, ја презема одговорноста за дебаклот што го имаше на вчерашната трка за Големата награда на Франција. Францускиот возач го имаше најбрзото време во квалификациите, одлично ја започна трката и беше лидер сè до 18-тиот круг.

На еден свиок Леклер изненадно ја загуби контролата над болидот и излета од патеката. Не се знаеше што е причината за откажувањето на возачот на Ферари, но подоцна самиот Леклер призна дека самиот е виновен за излетувањето.

„Немаше никаков дефект на болидот. Јас згрешив. Многу сум фрустриран. Се чувствував дека возам најдобро од почетокот на сезоната, но тоа е бесмислено кога ќе се случи ваква грешка. Мислам дека имам загубено 32 бода поради мои грешки, седум на „Имола“, а сега 25 затоа што веројатно ќе победев. Ако останам без титулата, а заостанувам помалку од 32 бодови зад шампионот, тогаш знам дека не сум заслужил да бидам првак. Ако сакам да бидам шампион, веќе не смеам да правам вакви грешки“, вели Леклер.

- Оглас -

Најнови вести