Леклер излезе од сенката на Фетел, пак е најбрз

Шарл Леклер од Ферари ја освои пол-позицијата и утрешната трка за Големата награда на Сингапур ќе ја почне од првото место, што е релативно неочекувано.

Леклер во последниот круг на „Марина беј“ извозе маестрално, и иако за малку ќе завршеше во заштитниот ѕид, кој само го „почеша“ и летаа искри, сепак направи побрзо време од тоа на неговиот клупски колега Себастијан Фетел кој водеше до финишот, и првакот Луис Хамилтон од Мерцедес кој ќе тргне втор. За Леклерс, ова е петта пол-позиција сезонава, и ќе атакува на третата победа по ред, после триумфите во Спа и Монца.

Се очекуваше повеќе од Ред Бул на кого му одговараат трки каде што времето е топло и влажно, но овојпат Макс Ферстапен во квалификациите заврши како четврти, пред Валтери Ботас кој е петти.

 

- Оглас -

Најнови вести