Леклер треба да е херојот на Ферари за радост на домашната трка

Возбудувањата во Формула 1 шампионатот продолжуваат викендов и тоа на една од најлегендарните патеки во историјата, таа на Монца. Патеката која е позната како домашна патека на Ферари, важи за една од најатрактивните трки, па посебен е мотивот да се победи таму.

Навивачите на Ферари секогаш се надеваат дека токму тука ќе видат нивни возач како победник, но овојпат како прв фаворит се смета Макс Ферстапен. Актуелниот првак е возач на Ред Бул и важи за фаворит за освојување на пол-позицијата, а веднаш зад него е Шарл Леклер од Ферари.

Сите останати возачи се со мали шанси да бидат со најбрзо извозен круг односно да освојат пол позиција.

- Оглас -

Најнови вести