Леклер трета година по ред на пол-позицијата во Баку

Шарл Леклер од Ферари беше најбрз на денешните квалификации во Баку, и в недела ќе стартува прв на трката низ улиците на главниот град на Азербејџан.

Леклер трета година по ред е на пол-позиција во Баку, а ова е прва пол-позиција за Ферари во 2023 година. Зад Леклер се најдоа Ферстапен и Перез од Ред Бул, а четврти е Саинс од Ферари.

Утре се вози спринтот, а редоследот ќе се одреди пред трката кога секој пилот ќе треба да има што подобро време во една сесија.

- Оглас -

Најнови вести