Леле струмичани што правите? Од тројката на Владо Илиевски до голот на Горан Пандев

Кошаркарот Владо Илиевски со легендарна тројка пред девет години ги шокираше Литванците на нивен терен и тоа во четвртфинале на ЕП, и Македонија го направи најголемиот успех во еден екипен спорт. Во ушите на љубителите на спортот кај нас, уште отѕвонува во ушите она „Леле луѓе што направивме“ што го кажа струмичанецот после победата и пласманот во полуфиналето.

Вечерва, Македонија повторно е на нозе, првпат ќе играме на Европско првенство во најпопуларниот спорт на светот, ова е огромен кој го чекавме речиси 30 години и случајно или не, повторно јунакот е струмичанец. Капитенот Горан Пандев е најголемиот фудбалер во историјата на Македонија и заслужи пред да се пензионира, да заигра на континентален шампионат.

Пандев кој играл и добил и финале на Лигата на шампионите, изјави дека мечот со Грузија му е најважен во кариерата. Заслужи да го кренат во раце, тој е лидерот без кој ова немаше да биде можно, неговите солзи радосници потврдуваат колку му значи победата и пласманот на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести