Ленард во Торонто дојде по прстенот, но и по победа (видео)

ЛА клиперс го доби дербито на ноќта против шампионот Торонто репторс со 112:92. Враќањето на Кавај Ленард во „Скотјабенк арената“ беше емотивно за сите. Канџата дојде по својот шампионски прстен, а си замина и со триумф против тимот чиишто бои ги бранеше во ланската сезона.

Клиперс за 19-тиот овосезонски триумф одиграа клучна втора четвртина која ја добија со 37-14, па од тој момент до самиот финиш сè беше во полза на тимот од Лос Анџелес. Ленард се истакна како најефикасен со 23 поени, 6 асистенции и 5 скока, го следеше Вилијамс со 18 поени, додека Пол Џорџ имаше скромно издание и реализира само 13 поени.

Кај поразените, најрасположен на паркетот беше Сијакам со 24 поени, а добра партија одигра и Поуел со 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=gGrpqSCxyXs

- Оглас -

Најнови вести