Лестер може и без Варди, Тотенхем се спаси од пораз кај фенерџијата Норич (Видео)

Лестер ја прекина мини-серијата од два порази со триумф против Вест Хем на гостински терен, а тоа го стори без капитенот и најдобар стрелец Џејми Варди.

Лисиците промашија и пенал, но сепак победија со 2:1 со головите на Ихеначо и на Греј. Стрелец за Вест Хем беше Форналс. Лестер повторно е на втората позиција со 42 бода, 10 помалку од Ливерпул и со два меча повеќе.

Тотенхем не успеа да ја забележи очекуваната победа против фенерџијата Норич на „Кероу Роуд“, а дури и се спасуваше од пораз.

Норич водеше двапати, но Кристијан Ериксен со еврогол од слободен удар и Хари Кејн од пенал израмнуваа за конелни 2:2.

https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1210994699609280513?s=20

Стрелци за Норич беа Вранчиќ и Орие со автогол.

На овој дуел имаше и еден контроверзен момент, а во 35. минута му беше поништен гол на Тему Пуки, поради офсајд, кој на сомнителен начин беше потврден од судиите во ВАР собата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести