Летечките Норвежани ја потопија Унгарија

Норвешка продолжи да ниже победи и во втората рунда од ракометното ЕП, а домаќините вечерва беа пресилни за унгарската селекција совладувајќи ги со убедливи 36:29. За Унгарците ова е прв пораз на собирот, а беа свесни дека ќе го претрпат уште по првите 30 минути игра, кога се најдоа во негатива од осум гола.

Норвешка до победата стигна користејќи го најопасното оружје, Сандер Сагосен беше незадржлив со седум погодоци, а мрежата на Унгарија ја полнеа и Јоханесен и Јондал, со шест, односно пет гола на мечот.

Во пресрет на некомплетираното коло, Норвешка сега е на првата позиција во групата 2 со четири бода, исто колку што има и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести