26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Летна распродажба на „Камп ноу“: Барселона отпиша 12 фудбалери

Барселона стави дури 12 фудбалери на трансфер листата од кои ќе се ослободуваат во претстојниот преоден рок. Каталонците имаат намера со продажба на 12-те отпишани да собере средства за нови ангажмани, но со двајца фудбалери тешко ќе се разделат.

На трансфер листата се ставени голманот Нето, дефанзивците Самуел Умтити, Жан-Клер Тодибо, Нелсон Семедо, Жуниор Фирпо, играчите за врска Иван Ракитиќ, Фелипе Кутињо, Карлес Алења, Рафиња Алкантара и Артуро Видал, како и офанзивците Усман Дембеле и Мартин Брајтвајт.

Вицепрвакот ќе има потешкотии да се ослободи од Кутињо и Дембеле со оглед на нивните високи плати, но и сумите кои Барса ги бара за нив двајца. Инаку, еден играч веќе продадоа, Артур Мело заврши во редовите на Јувентус за сума од 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести