Лето на тркала: 10 дена до крајот, ќе има ли поголем коефициент од 1.089,31?

Популарната наградна игра Лето на тркала што долги години во низа ја организира Sport Life има нов лидер, а во скопската населба Козле е уплатен добитен тикет со коефициент од 1.089,31.

Повеќе од еден месец немаше промени на врвот на табелата, односно во топ 5 пласманот, сè до овој викенд, кога нашиот редовен типувач Живко од Козле уплати добитен тикет со квота од 1.089,31. Со тоа Живко застана пред Зоран, кој претходно водеше со 988,76 добитен коефициент.

До крајот на наградната игра има уште точно 10 дена, така што има шанси да се надмине и моментално највисокиот коефициент, а според табелата, се гледа дека трката за врвот станува сè поинтересна.

Премијата е прекрасниот скутер Aprilia SR 50 R, а потоа следат велосипед Specialized Sirrus Hybridелектричен тротинет Mi M365, 200.000 SL Market поени и 100.000 SL Market поени.

- Оглас -

Најнови вести