Лето што ќе го памети – Винисиус доби втора прекоманда за три дена

Винисиус јуниор доживеа ново изненадување пред почетокот на новата сезона во шпанското првенство и доби уште една прекоманда, овојпат на нова позиција на теренот во редовите на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан на денешниот тренинг на Кралскиот клуб го испрати младиот Бразилец на десно крило, што е сосема ново за него и спротивно од досегашното место на теренот, на левата бочна позиција во нападот.

Замислата на Зидан е Винисиус, Азар и Иско да играат зад Бензема или зад првиот шпиц на Реал Мадрид во новата сезона. Офанзивниот дел на Кралскиот клуб и вака ќе изгледа одлично, но прашање е како Винисиус ќе се снајде на новата позиција.

Претходно младиот бразилски ас беше регистриран за тимот Б на Реал Мадрид, или популарната Кастилја, со цел да се ослободи место за играчи што не се од Европската Унија. Во Шпанија, како и во другите земји од топ 5 првенствата има одредена квота за фудбалери што доаѓаат надвор од ЕУ, па Винисиус ќе мора да одигра 10 меча за Реал Мадрид, а потоа да ослободи место за уште еден играч со пасош надвор од ЕУ.

- Оглас -

Најнови вести