Лева не е далеку: Му фалат 17 гола за да го урне рекордот на Герд Милер

Роберт Левандовски со голем респект гледа на рекордот на Герд Милер со 40 погодоци во Бундеслигата во сезоната 1971/72, но има шанса да го урне постигнувањето на големиот ас на Баерн Минхен.

Досега во изминатите 20 кола во германското првенство Полјакот постигна 24 погодоци и не е без шанси да ја мине границата од 40 погодоци во преостанатите 14 кола.

Ако го задржи просекот од 1,2 гола по меч што го има сезонава во Бундеслигата ќе биде многу блиску до уривање на рекордот на Герд Милер.

„Искрено не размислувам многу за рекордот. Имам огромна почит кон Герд Милер, една голема легенда и вистински напаѓач, но времињата се различни за да се споредуваат работите. Тогаш се играл поинаков фудбал, сега е речиси сè различно, а заедничко е што головите се важни само кога се освојуваат бодови и му помагаат на клубот да освојува трофеи“, вели Левандовски.

Вчера со два гола против Ал-Ахли го одведе Баерн Минхен во финалето на Светскиот клупски куп, а сезонава вкупно постигна 29 гола на 27 натпревари во сите конкуренции во кои настапуваше за актуелниот германски и европски првак.

- Оглас -

Најнови вести