Левандовски даде два гола, па му дозволи на Кутињо да шутне пенал

Баерн Минхен немаше проблем со Келн, го порази со 4-0, а главна ѕвезда на натпреварот беше Полјакот Роберт Левандовски кој даде два гола, и стигна до бројка од девет погодоци сезонава во само пет кола.

Лева можеше да дојде и до хет-трик и десетти погодок, кога судијата досуди пенал за баварците во 62-ра минута, но Полјакот не сакаше да го изведе, туку му дозволи на Кутињо да се запише во листата на стрелци. Бразилецот ја искористи шансата и погоди за 3-0, а потоа гол даде и уште еден новак во редовите на Баерн, Иван Перишиќ.

Баерн е прв, но до крајот на колото може да биде симнат од врвот. Баерн петта година по ред победува на натпревар кој се игра на првиот ден од пивскиот фестивал Октоберфест. Дарко Чурлинов не беше во составот на „јарците“ од Келн.

- Оглас -

Најнови вести