Левандовски фудбалер на годината и според Globe soccer awards

Роберт Левандовски е најдобар фудбалер за 2020 година, а Кристијано Роналдо е најдобар во 21-ви век. Полјакот и Португалецот денеска во Дубаи се наградени на „Глоуб сокер авордс“, настан кој се одржува од 2010 година наваму, а во гласањето учествуваат навивачите и стручно жири.

Левандовски и Роналдо со своите поубави половини беа во Дубаи, а таму беше присутен и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, што дава тежина на значењето на овие награди.

Клуб на годината е Баерн Минхен, тренер на годината е Ханс Дитер Флик од Баерн, клуб на векот е Реал Мадрид, а тренер на векот е Пеп Гвардиола. Награди добија и Жорже Мендеш за најдобар агент во 21-ви век, како и Шпанците Икер Касилјас и Жерард Пике за играчката кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести