Левандовски му донесе „два во кец“ победа на Баерн Минхен и го спаси од невиден срам

Иако имаа сензационална негатива на полувремето, Баерн Минхен со пресврт успеа да го победи Гројтер Фир со 4:1 и да спречи сензација во 23-то коло на Бундеслигата.

Лидерот и апсолутен фаворит играше против последнопласираниот тим на табелата, а според резултатите од последно време и покрај оваа победа, Баерн Минхен не игра на задоволително ниво. Минатото коло беа „демолирани“ од Бохум со 4:2, а пред неколку дена не го победија Салзбург во првиот осмина-финален меч од Лигата на шампионите.

И денеска ќе беше сензација доколку гостите заминеа барем со бод, а такво нешто најави Бранимир Хргота кој во 43-та минута. Пресвртот го најави кој друг ако не Роберт Левандовски во 47-та минута, додека со автоголот на Себастијан Гришбек (61′), Баерн за прв пат поведе.

Повторно Левандовски стрелаше во 82-та минута даде уште еден гол а печат на победата стави Чупо Мотинг во последните мигови од регуларниот дел. Актуелниот шампион сега има 55 бода односно девет повеќе пред второпласираната Борусија Дортмунд која има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести