Левандовски му „удрил корпа“ на Серхио Рамос

Роберт Левандовски со години е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Полскиот репрезентативец блеска во дресот на Баерн Минхен, а една од најдобрите средби му е кога успеа на еден меч да му даде четири гола на Реал Мадрид.

Голгетерот на Баерн Минхен откри дека по еден меч против Реал Мадрид, имал интересен разговор со Серхио Рамос и Кристијано Роналдо. Левандовски вели дека добил понуда од Рамос и Роналдо да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Точо е дека Рамос и Роналдо сакаа да дојдам во Реал. Можев да дојдам во Примера дивисион, да се преселам во дрого првенство, во нов голем клуб, но мене тоа не ми е најважно. Врвот на кариерата ја достигнав во Баерн и таму сакам да продолжам. Знам дека во Минхен можам да бидам среќен. Имаме добар тим, клупската структура е одлична“, објасни Левандовски.

Голгетерот на Баерн сезонава даде 25 гола во 23 меча во Бундес лигата, а има и 11 погодоци во Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести