Левандовски: Наградата од ФИФА е позначајна од Златната топка, има поголема тежина

Напаѓачот на Баерн Минхен и полската репрезентација, Роберт Левандовски, изјави дека наградата за фудбалер на годината која ја доби од ФИФА е поважна од Златната топка на Франс фудбал, која ја доби Лионел Меси.

„Неодамна размислував за двете награди и дојдов до заклучок дека признанието од ФИФА е поважно. За Златната топка гласаат само новинари, а за наградата на ФИФА гласаат и новинари, но и капитените и селекторите на сите репрезентации во светот. Тие може објективно да ги оценат нашите игри, го знаат значењето на секој рекорд, натпревар и повредите. Можеби поголем престиж е да се добие Златната топка, но горд сум што втора година по ред добив најмногу гласови во изборот на ФИФА“, вели 33-годишниот Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести