-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Левандовски: Најважно е дека освоивме уште еден трофеј

Роберт Левандовски постигна еден од трите голови за Барселона во победата над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија. Каталонскиот гигант освои нов трофеј, а искусниот полски голгетер беше среќен поради тоа.

„Секако дека сум среќен, ова е уште една титула за нас. Одигравме голем меч против Реал Мадрид. Одигравме добро во првото полувреме, потоа продолживме во исто темпо и во вториот дел. Сакавме да дадеме повеќе погодоци, но најважно на крајот е дека победивме. Реал играше добро во дефанзивата, а ние се обидувавме да ги пробиеме. Кога играте против Реал мора да бидете 100 отсто подготвени. Победивме како тим и освоивме уште една титула“, задоволно коментираше Левандовски.

Голгетерот има договор со Барселона до крајот на сезоната, а останува неизвесно дали челниците на шпанскиот првак ќе сакаат да го задржат 38-годишниот напаѓач, или ќе го пуштат да си замине летово.

- Оглас -

Најнови вести