Левандовски по 100-ти пат ќе игра во ЛШ, квотата за негов гол против Бенфика е „зицер“

Најдобриот фудбалер за минатата година, полската гол-машина Роберт Левандовски, вечерва на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Бенфика, ќе прослави убав личен јубилеј, 100-ти настап во Лигата на шампионите.

Левандовски ќе биде трет актуелен член на Баерн по Мануел Нојер и Томас Милер, кој ќе има троцифрен број мечеви во елитното клупско натпреварување, а вкупно 41 фудбалер има 100 или повеќе настапи. Рекордер е Кристијано Роналдо со 179 меча.

Популарниот Леви досега има 28 меча во ЛШ за Борусија Дортмунд, и 71 за Баерн. На тие 99 меча, постигна 78 голови (пред него на вечната листа од активните играчи се само Кристијано Роналдо и Лионел Меси).

Мотивацијата да постигне гол ќе му биде голема, а ако верувате дека тој ќе ја затресе мрежата на Орлите од Лисабон, може и да заработите доколку уплатите во Sport Life. Квотата за гол на Левандовски против Бенфика е 1.32.

- Оглас -

Најнови вести