Леванте објави разделба со 8 играчи и тренерот, ќе биде ли Барди следниот што си заминува?

Енис Барди засега не е на листата играчи што си заминуваат од Леванте, откако беше објавен список на фудбалери што сигурно ќе ја сменат средината и нема да настапуваат во Втората шпанска лига за клубот од Валенсија.

На списокот се досегашниот капитен и икона на клубот Моралес, потоа и Коке, Вукчевиќ, Мирамон, Радоја, Клерк, Дуарте и Касерес, а најавена е и разделба со тренерот Алесио Лиши на кого му заврши договорот.

За Барди се уште постои можност за трансфер, заинтересиран е новиот шпански прволигаш Алмерија, но нуди 6 милиони евра за македонскиот репрезентативец, а Леванте бара 10 милиони евра.

Клубот имаше лоша сезона и испадна во Втората лига и ќе игра во Сегунда, а неизвесно е дали Енис ќе остане, или ќе си замине ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести