Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата и ако не се случи нешто непредвидено, би требало да потпише за Сандерленд, кој е повратник во елитното англиско првенство по пауза од осум години.
Сандерленд постигнал договор со Баер Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра. Џака, кој има 32 години, уште денеска треба да отпатува во Англија и треба да потпише договор со важност до летото 2027 година.
Искусниот Швајцарец ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Џака би бил седмото, но и најзвучно засилување за Црните мачки во овој летен преоден рок. Иако тренерот Ерик тен Хаг сакаше Џака да остане во Леверкузен, сепак Англичаните со финансиски значително зголемена понуда го убедија да дојде кај нив.